Герасимовски: Пожарот е целосно локализиран, Општина Центар ќе ја провери сопственоста на земјиштето

од Берта Китинска
171 прегледи

Веднаш по дојавата дека избувнал пожар близу Билната аптека кај Даре Џамбаз, заедно со штабот за заштита и спасување излеговме на терен, вели градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.

Благодарение на брзата интервенција од Противпожарната служба пожарот е целосно локализиран и нема повредени граѓани. Екипи на Министерството за внатрешни работи извршија увид во опожареното подрачје по што ќе се испитуваат причините за настанување на пожарот. Општина Центар ќе ја провери сопственоста на земјиштето и во комуникација со МВР дополнително ќе извести за околностите и причините за избувнување на пожарот, информираше Герасимовски.

Слични содржини