Герасимовски пред победа во Центар – води со над 2000 гласови

Ваквите резултати се според преброени 76,20% од вкупниот број на гласови

од Nikola Popovski
51 прегледи

Кандидатот на коалицијата предводена од СДСМ и актуелен градоначалник, Горан Герасимовски, е во водство во трката за нов мандат во Општина Центар, со освоени 52,56% од гласовите, односно 8474 гласачи

Неговиот противкандидат Мирослав Лабудовиќ од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија има поддршка од 38,53%, или 6212 гласови.

Ваквите резултати се според преброени 76,20% од вкупниот број на гласови.

Резултатите се од првичниот пресек на Државната изборна комисија и можат да се менуваат како што продолжува пребројувањето на гласовите.