193
Причината за пожарот во поранешната фабрика „Треска“ е човечки фактор, а пред да избувне пожарот имало многу кражби на кабли, вели градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, во гостување во летното издание на емисијата „Клик плус“.
„Ние имавме информации дека месеци уназад во тој дел имало кражби на кабли, предизвикано од човечки фактор. Не верувам дека е намерно предизвикано, но човечкиот фактор е тој што е причинител за да настане самиот пожар. Неколку месеци во соработка со одредени институции и комуникации чекавме да заврши целиот увид на терен, чекавме зелено светло од сите институции за да почнеме да го ресчистуваме односно да дадеме насока за инвеститорите да го расчистуваат просторот“, вели Герасимовски.