Герасимовски: Притискаме 50% од парцелата спроти „Холидеј ин“ да биде зеленило

од Nikola Popovski
205 прегледи

Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски информира дека во општината ќе има хуман урбанизам. Тој наведе дека не може целосно да се забрани изградбата на висококатниците спроти „Холидеј ин“, но пред се ќе бидат интересите на граѓаните и јавното добро.

-Кај Холидеј ин има дозвола за една зграда 20-катница и наредните ќе гледаме да бидат 18 ката и 11 ката. Барањата се за да бидат 30 ката. Дополнително мојата борба е тој дел да се раззелени. Во тој дел притискаме за повеќе зеленило. 50% од парцелата да биде зеленило и затоа ќе се бориме до крај, рече Герасимовски во гостувањето на емисијата „Трилинг“.

Градоначалникот додаде дека предвидената парцела нема да биде целосно станбен објект, туку еден објект целосно ќе биде деловна зграда.

Слични содржини