Герасимовски: Родителите будно да ги следат децата

од Nikola Popovski
861 прегледи

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска повторно оствари средба со родителите од Дебар Маало кои минатата недела алармираа за девијантно однесување во делови од општината. На средбата стана збор за поднесување на петиција до Министерство за внатрешни работи, Министерство за образование и Министерство за труд и социјална политика со цел да се изнајдат мерки и механизми за намалување на меѓуврсничкото насилство и друго девијантно однесување од секако вид.

„По минатонеделната средба и секојдневна комуникација со жителите на денеска повторно се сретнуваме со цел да изнајдеме реално решение за насилството кое се случува во општината. Застрашувачки е што насилното однесување не се рефлектира само на урбаната опрема која секојдневно се уништува туку веќе станува збор за загрозување на безбедноста на нашите деца. И тоа мора да го покренеме на повисоко ниво со што ќе поднесеме петиција до сите надлежни институции со цел да изнајдеме соодветно решение и запирање на ова застрашувачко однесување“, рече Герасимовски.

На средбата покрај градоначалникот Герасимовски присутни беа Игор Стаменковски Командир на ПС Беко и Орце Спасовски Началник на ЕВР Центар и Бит Пазар кои повторно зборуваа за засиленото полициско присуство во Центар. За крај Герасимовски повторно апелираше и до родителите будно да ги следат децата, да работат со нив на превенција од насилство, алкохолизирање и најважно злоупотреба на дрога која е огромна опасност кај младите.

Слични содржини