Герасимовски: Се подготвувам за втор мандат, имаме одличен план и програма

од Nikola Popovski
30 прегледи

Градоначалникот Горан Герасимовски, во одговор на новинарско прашање изјави дека се подготвува за втор мандат, со одличен план и програма којашто се спрема.

„Изминатите три ипол години јас и мојот тим од Општина Центар работиме целосно во интерес на граѓаните, спроведувајќи голем број на проекти коишто дел се во реализација, цел се завршени. Но, имаме одличен план и програма којашто се спрема за следниот мандат. Секако дека се подготвуваме, ние сме постојано и во кампања, но приоритет ни се граѓаните и проектите што ги имаме започнато и ветено пред граѓаните во 2021 година”, рече Герасимовски.

Во врска со излeгувањето на Арбен Таравари од владејачката коалиција и евентуално коалицирање со него, неодамна лидерот на СДСМ, Филипче рече дека неговата партија партнерите ќе ги бара преку начин на соработка во насока на остварување на програмата за локалните избори, како и преку взаемно почитување на политичките субјекти.

-Тоа е начинот на кој ги идентификуваме нашите коалициски партнери. Веќе имаме потврдени партнери, за локалните избори работиме на креирање на советничките листи. Сигурни кандидати за престојните локални избори се актуелните градоначалници на Центар и на Крушево, Горан Герасимовски и Томче Христовски, рече Филипче.

Слични содржини