Герасимовски: Шанса за Центар против донесувањето на минимална плата за вработените во ЈП „ПОЦ“

од Nikola Popovski
293 прегледи

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски денеска информира дека иницијативата „Шанса за Центар“ биле против донесувањето на минимална плата за вработените во ЈП „Паркинзи на Општина Центар“.

-На денешната 7. седница на Советот под точка број 4 од Дневниот ред за давање согласност за измена на Правилникот за плати, надоместоци на плати и други примања на вработените во ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, Шанса за Центар гласаше воздржано, додека советниците од ВМРО-ДПМНЕ не се изјаснија, потенцира Герасимовски.

Градоначалникот укажа дека Советот на Општина Центар, со 13 гласа „ЗА“ ја изгласа предлог одлуката со што на сите вработени во ЈП ПОЦ која доаѓа согласно мерката донесена на Влада за минимална плата од 18.000 денари за вработените.

-Со денешната одлука на Советот освен минималната плата на сите вработени линеарно им се зголемуваат платите за 3.000 денари. Честитки до вработените!, објави Герасимовски.

Слични содржини