Герасимовски: Сите скопски oпштини побараа да ги преземат ингеренциите од градот Скопје

од Nikola Popovski
34 прегледи

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски утрово во емисијата „Здраво Македонијо” на Канал 5 телевизија во однос на состојбата со хигиената во градот информира дека сите 10 скопски општини имаат побарано да ги преземат ингеренциите од градот Скопје, да земат дел од опремата, односно машинеријата за да работат.

„Даваме сѐ од себе да ја подигнеме хигиената на повисоко ниво. Баравме да ги преземеме ингеренциите од градот Скопје, сите десет општини да земеме дел од опремата, машинеријата за да работиме. Од состаноците коишто ги имаше претседателот на ЗЕЛС сега за сега немаме конкретен одговор. За жал, граѓаните не ги знаат ингеренциите и секогаш прстот прво е вперен во првиот човек на општината”, рече Герасимовски.

Во утринската емисија, Герасимовски вели дека најголемите забелешки на сите оние што го посетуваат градот, особено на странците е токму хигиената.

„Огромен проблем за којшто апелираме долго време наназад дури знаеме често сметот да го собереме таму кадешто не се наши ингеренциите. Ингеренциите во делот на булеварите и контејнерите ги има градот, ние 10 општини во градот имаме ингеренции за хигиената во нашите споредни општински улици. Ние сме општина со најмногу хигиеничари. Поради големата фреквенција во градот имаме 120 хигиеничари во изманитиве години, купивме и цистерна, и секаква дополнителна опрема, сѐ со цел хигиената да ја дигнеме на повисоко ново”, изјави Герасимовски.

Герасимовски истакна дека вчерашните фотографии со смет се во Дебар Маало, кога ги донел дечињата на училиште, во близина на ООУ „Коле Неделковски” кадешто скоро секој втор ден контејнерите се преполни, а жителите и децата треба да го прескокнуваат ѓубрето што е недозволиво за Општина Центар.

Слични содржини