Герасимовски: Старата скопска чаршија како симбол на градот добива нова урбана опрема и нејзино редовно одржување

од Nikola Popovski
318 прегледи

На средба со граѓаните на Кале и во Старата скопска чаршија Горан Герасимовски, кандидатот на СДСМ за градоначалник на општина Центар најави нова урбана опрема во старата чаршија и зачувување на нејзиниот автентичниот лик.

„Старата скопска чаршија е симбол на градот, таа е трговски и културно-историски дел во Скопје и една од најголемите знаменитости на градот. Како таква и треба да ја зачуваме. Тука предвидуваме поставување на нова урбана опрема и нејзино редовно одржување. Во овој реон планирана е и реконструкција на водоводната и канализациската мрежа со што ќе ги решиме досегашните проблеми на граѓаните во овој реон од општината“, изјави Герасимовски.

Герасимовски дополни дека за младите кои живеат во близина се планира ново детско и спортско игралиште близу куќата на Есма, реконструкција на ул. Самоилова како и проекти за млади. Во план е креирање на регистар на невработени лица и регистар на компании кои бараат вработени со цел намалување на невработеноста во општината. Преку неформалното образование рече Герасимовски, ќе има прекфалификација на невработените заради нивно побрзо вработување како дополнителна мерка за намалување на невработеноста во општината. Дополнително се предвидува помош и поддршка за малите и средни препријатија од територијата на општината, со посебен фокус на социјални претрпијатија за понатамошен нивен раст и развој.

Слични содржини