326
Кандидатот за градоначалник на СДСМ, Горан Герасимовски на дебатата на „Само вистина“ рече дека ќе се направи регистар на зеленило каде ќе се носат одлуките за секоја потребна сеча на дрвата во општината.
„Имаме план за одржливост во општина Центар. Спремаме тим на луѓе стручни за екологија од невладин сектор и професори кои заедно со општината ќе носат решенија за како да се развива општианта во делот на зеленилото. Тимот ќе подготви катастар на дрва што се во самата општина. Така ќе знаеме кои дрва треба да се сечат, а за секое исечено дрво ќе посадиме две нови“ кажа Герасимовски.