Герасимовски: Центар мора да се развива-јавното добро пред се, потоа желбите на инвеститорите

од Берта Китинска
293 прегледи

Во делот за „Треска“ кога станав градоначалник идејното решение беше завршено, но направивме состанок со општинските тела и инвеститорите. Имавме и состаноци внатре во службите на општината за да видиме како ќе продолжат активностите, вели Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар во Утрински Брифинг.

Центар мора да се развива, вели градоначалникот и додава дека мора да има хуман урбанизам и дека прво се гледа јавниот интерес, па потоа желбите на инвеститорите. Но, додава тој, „Треска“ е приватно земјиште.

-Мене ме чуди како Павловска, Пенчиќ и Белчевска досега не успеале да најдат решение по четири години. Јас тоа вака би го објаснил, четири години ја имале топката,празен терен и гол, тие требале само да дадат гол, објаснува градоначалникот.

Тој вели дека откако станал градоначалник бил раскинат договорот со планерската група и била започната процедурата за измена на ДУП-от.

-Следната недела ќе имаме тендер за избор на планерска група, кажа Герасимовски.

Слични содржини