271
Ви благодарам за поддршката којашто ни ја дадовте за сигурно водство во првиот круг во општина Центар. Им благодарам на сите коишто несебично се вложија во овие избори, да ме поддржат мене и мојот тим. Но, битката не е завршена, напиша на својот Фејсбук профил кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски од СДСМ.
-Убеден сум дека со исто темпо и мотивација за работа во вториот круг ќе извојуваме уште една голема победа.Остануваат уште две недели од кампањата во кои треба да дојдеме до секој човек, до секое семејство и да ја пренесеме нашата порака дека Центар останува демократска, напредна и силна општина.Уште од денеска ја продолжуваме кампањата за што ве повикувам сите да ни се придружите, напиша Герасимовски.