Герасимовски: Во мене ќе имате партнер за заедничко решавање на проблемите

од Nikola Popovski
326 прегледи

Горан Герасимовски, кандидатот за градоначалник на Центар од СДСМ и Коалицијата денеска на сограѓаните од општината им пренесе јасни пораки дека општина Центар треба да се развива и оди напред и сето тоа според планот и потребите на граѓаните. Тој во разговор со нив потенцираше дека е многу важно да се излезе и гласа затоа што неговата програма е реална со прецизни проекти и тој со сигурност ќе ја реализира.

„Како иден градоначалник нема да отстапам ни педа од вашиот интерес како граѓани на Центар. Во мене ќе имате партнер за заедничко решавање на сите проблеми во општината. Добро знам колку ви е важно отчетно и транспарентно работење и затоа сите одлуки ќе ги носиме заедно“, им порача Герасимовски на своите сограѓани.

Герасимовски исто така со граѓаните зборуваше дека општина Центар е лулка на демократијата и тоа на овие избори треба да се потврди. Притоа тој нагласи дека општина Центар не смее да се враќа назад и дека е сигурен дека тоа граѓаните нема да го дозволат.

„Ве повикувам сите вие кои во првиот круг од било кои причини решивте да не гласате да го направите тоа во вториот круг. Од вашиот глас зависи во каква општина ќе живееме. Изборот е јасен, бираме дали сакаме демократска власт која слуша и одговорно владее или пак власт која докажано работеше спротивно интересите на граѓаните“, им рече Герасимовски на сограѓаните во општина Центар.

Слични содржини