Герасимовски: Воздухот после пожарот во „Треска“ не ги надминува пропишаните нивоа на загаденост

од Nikola Popovski

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски денеска на прес-конференција изјави дека ќе ги почекаат записниците од увидот на МВР за причините за пожарот во „Треска“, како и записниците од Противпожарната служба, по што ќе одлучат како ќе постапат понатаму.

-Со задоволство можам да кажам дека воздудхот не ги надминува пропишаните нивоа на загаденост. Во врска со самот простор, важечки е урбанистичкиот план од 2013 година и отворено е планерска куќа, која што ќе прави нов ДУП на таа површина. Најважно ни е расчистување на просторот од штетни материјали, но и отстранување на самите објекти. Во комуникација сме со ОЈО за дополнителни насоки. Сакаме повеќе јавно добро, повеќе зеленило на тој простор. Мое е да се борам за што подобро да биде уреден јавниот простор, но во моментов имаме важечки ДУП и одреден број парцели на таа површина, рече Герасимовски пред новинарите, после состанокот за начините на чистење на отпадот и анализа на последиците од пожарот кој пред два дена изби во поранешната фабрика „Треска“.

Слични содржини