281
Ветувам дека ако станам градоначалник ќе бидеме целосно транспарентни и ќе имаме целосен увид на граѓаните како општината работи и функционира, вели кандидатот на СДСМ за градоначалник во општина Центар, Горан Герасимовски.
Тој информира дека тоа ќе биде можно преку дигитално поднесување на документи и подготовка на апликација.
-Пример јас купив стан пред 10 години, а не знаев дека до мене ќе се прави зграда повисока од мојата зграда, што за жал ми го покри станот. Вака ќе имаме увид. Исто така предвидувам заедничко носење на буџетот со граѓаните, вети Герасимовски во емисијата „Топ тема“.