ГЕРБ го осуди „неиспровоцираното насилство“ врз Кадриески

од Vladimir Zorba

„Сведоци сме на уште еден брутален чин на насилство врз државјанин на Република Северна Македонија со бугарски идентитет. Претседателот на здружението на Бугарите „Шемето“ Бекир Кадриески е брутално претепан во градот Струга“, се наведува во објавата на Фејсбук страницата на ГЕРБ, пренесе БТА.

Партијата изразува силна огорченост и го осудува „овој следен чин на неиспровоцирано насилство врз нашиот сонародник“.

„Доколку се потврдат информациите дека тепањето на Кадриески било придружено со зборовите „валкан Бугарин“, тогаш тоа што се случило ќе претставува опасен релапс и преку сите можни меѓународни канали ќе бараме делото темелно да се истражи, а виновниците да се казнат со сета строгост на законот“, изјави ГЕРБ.

Слични содржини