Повеќе бугарски пратенички групи веќе се изјаснија дека се подготвени да го поддржат францускиот предлог за Република Северна Македонија.
„Мора да се најде здрав разум. Мора да се стави крај на започнатото од пред 4 години. Тоа е наша должност“, коментирал Томислав Дончев од ГЕРБ при влегувањето во Собранието пред почетокот на седницата.
Поддршка за предлозите на Франција искажа и Христо Иванов од ДБ, со образложение дека „додека не дојде до промена на Уставот на Македонија, нема да има преговори со нив“.
„Текстот што го поднесуваме ги гарантира сите интереси на Бугарија, ако некој не верува во ова, нека чуе што вели Скопје за францускиот предлог и каков отпор и спротивност има таму, да разбере дека имаме добар предлог и мора да го направиме тоа сега“, објасни Иванов.
Според него, ветото не се укинува, туку Бугарија добива гаранции и поддршка од Европската комисија и Европскиот совет.
ДПС и Продолжуваме со промените , исто така, се очекува да гласаат за предлозите на француското претседателство.
Досега ИТН, Преродба и БСП изјавија дека дефинитивно нема да го поддржат овој проект.