ГЕРБ и ДПС поднесоа нови предлози за С. Македонија

од Nikola Popovski

Пратеничките групи на бугарските партии ГЕРБ и ДПС до канцеларијата на Народното собрание доставиле два предлози за решавање на спорните прашања меѓу Софија и Скопје, јавуваа бугарските медиуми.

Документот на ГЕРБ е наречен „Нацрт-акција на Советот на министри за одобрување на нацрт-преговарачката рамка и Нацрт-заклучок на Советот на ЕУ за европска интеграција на Република Македонија“. Предлог-одлуката е поднесена утрово.

Документот на ДПС беше поднесен синоќа, како што најави лидерот на партијата Мустафа Карадаи по гласањето за недоверба со кое беше соборена владата на Кирил Петков. Документот на Движењето е наречен „Предлог-одлука поврзана со одобрување од страна на француското претседателство на нацрт-преговарачката рамка за преговори за членство на Република Македонија и Албанија во ЕУ“.

Слични содржини