Гери Олдман доби награда за наjдобар актер

од Vladimir Zorba
89 прегледи

Со наградата на американските филмски критичари Critics ‘Choice Awardsrds за најдобар актер беше удостоен Гери Олдман за улогата на Винстон Черчил во филмот “Најјмрачниот час”. 23-та церемонија за престижни награди се одржа во Лос Анџелес и се емитуваше на CW.

За наградата од филмските критичари награда во категоријата “Најдобар актер” се бореа Тимоти Чаламет, Џејмс Франко, Џејк Гиленхал, Том Хенкс, Даниел Калу и Даниел Деј-Луис. Наградата на најголемата асоцијација на филмски критичари САД и Канада BFCA во која влегуваат околу 300 критичари, се доделува секоја година.

Таа се смета за барометар на расположението во Холивуд за потенцијалните победници во претстојните  награди “Оскар” во март.