Дуќанот на братот на Артан Груби кој се наоѓа на улица „Македонија“ утрово осамна со плакати од герила акција дека се продава за цена од 700 евра за метар квадратен.

Претходно, ВМРО-ДПМНЕ обвини дека братот на вицепремиерот го купил деловниот простор за многу пониска цена од реалната.

Груби изјави дека деловниот простор не е купен од страна на фирмата на неговиот брат, туку е купен со хипотекарен кредит, земен од физичко лице, кој ќе се отплаќа 20 години.