Петр Донгрес, директор на Управата за безбедност и заштита на чешкиот претседател Милош Земан си заминува од функцијата, заради црвените гаќи. Всушноат причината е инцидентот, во кој активисти на „герилската“ уметничка група „Зтоховен“, на претседателската резиденција во Прашкиот замок „Храдчани“, наместо чешкото знаме закачија огромни црвени гаќи.

Донгрес изјави дека не чувствува одговорност
– Покрај господин Донгрес, одговорност сноси и шефот на Државната гарда – рече Земан кој изјави дека оставката е по негова иницијатива, а најави и други разрешувања.

„Зтоховен“ во саботата го симна националното знаме на Чешка и наместо него на јарболот обеси црвени гаќи „за да го искаже ставот против мажот кој од ништо не се плаши“.