Герила акција за честитка на докторатот на Јанкулоска со транспарент „Честито аболиција“

од desk3
101 прегледи

Група млади битолчани утринава со герила-акција ѝ го честитаа докторатот на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

Со транспарент „Честито аболиција“, двајца млади луѓе влегоа на свечената промоција на доктори на науки, во ректоратот на битолскиот Универзитет „Св. Климент Охридски“, каде Јанкулоска свечено беше промовирана за доктор на науки на Факултетот за безбедност.

jankuloska-860x680

Упадот ги остави без збор присутните во салата. Дури пет минути по настанот, ректорот на Универзитетот, Сашо Коруновски, им се извини на присутните.

– Се извинуваме за инцидентот. Со гордост можеме да кажеме дека секој кандидат што успеал да стигне до титулата доктор на науки како степен на стручна подготовка, поминал низ сериозен процес на селекција – рече Коруновски, повторно извинувајќи се за инцидентот.

dav
Кратко по настанот, промоторот на Јанкулоска зборуваше за нејзините дострели во кариерата, особено напоменувајќи го нејзиниот министерски мандат од 2006 до 2015 година. Тој нагласи дека Јанкулоска во овој дел од нејзината кариера потпишала 159 правни акти во името на Република Македонија.

Новиот српски парламент повторно под контрола на Вучиќ

Денеска на битолскиот Универзитет беа промовирани 14 доктори на наука, од кои три во областа на безбедноста, титула со која се закити и Јанкулоска. Таа на промоцијата беше во придружба на својот сопруг Влатко Илиевски.

МЕТА

Слични содржини