Герила акција: Зошто Мијалков е на слобода?

од Берта Китинска
468 прегледи

Герила акција за време на вчерашниот марш за правда, кој беше во организација на СДСМ.

Неколку граѓани се појавија со транспаренти на кои прашуваат…Правдата ја нема бројчаникот стоо…Неколку граѓани се појавија со транспаренти на кои прашуваат…Правдата ја нема бројчаникот стоо…Марш за амнестија за криминалот…се дел од слоганите.

Фото: Борче Поповски

Вчера  претседателот на ,,СДСМ” Зоран Заев заедно со раководството на партијата маршираат за правда. Над 15.000 граѓани се придружија на маршот кој започна пред Собранието, а  заврши пред комплексот судови, каде Заев  одржи говор.

-Парламентот ги донесе законите, за судски совет, за судовите, законот за јавните обвинители, законот за јавно обвинителство и целата лепеза на закони од правосудството!И навистина сега правосудството, е на потег, затоа сме вечерва овде, чекориме за правда.Собранието вчера отвори ново поглавје во реформите на правосудството.Огромно мнозинство од пратениците застанаа зад Законот за јавно обвинителство кој е темел на градењето силна, независна и ефикасна правна држава, изјави Заев.

Според Зекири на вчерашниот марш се испрати порака:

-Судството и обвинителството по донесувањето на законот за ЈО се ослободени и дека слободно судиите и обвинителите без притисок од никого треба да работат. За се што има докази, судот по закон и Устав да делува. Ништо преку ноќ не може да се среди. Ние на власт дојдовме токму со таа цел дојдовме, да ја вратиме правдата. Знаеме како беше пред да дојдеме на власт, знаеме на кои потешкотии наидовме во однос на судството и се она што се случуваше, вели Зекири.

 

 

Слични содржини