Ѓерлек: Произведените вакцини во „Торлак“ ќе бидат наменети и за братска С. Македонија

од Nikola Popovski
445 прегледи

Државниот секретар во српското Министерство за здравство, Мирсад Ѓерлек, на прес-конференцијата со нашиот министер за здравство, Венко Филипче изјави дека тоа што ќе се произведува на институтот „Торлак“, ќе биде наменето и за граѓаните на братска С. Македонија.

„Овде ќе се произведуваат милион дози од двете компоненти на Спутник V. Таа бројка на дози ја очекуваме до 5-ти јули, а институтот со создавање на вакцината започнува меѓу 5-ти и 10-ти јули. Се надевам дека ќе им излеземе во пресрет на сите граѓани од Македонија, на кои ќе им биде потребна“, вели Ѓерлек, додавајќи дека во Белград ќе се произведува и кинеската „Синофарм“.

Министерот за здравство д-р Венко Филипче кој во својата изјава за медиумите се обрати и до граѓаните на Србија и упати благодарност за целокупниот процес во кој досега во неколку наврати го организираше соседна Србија при донациите кои ги добивме како и при организацијата за вакцинација на голем број македонски граѓани во нивната држава.

Конкретно во денешниот состанок во кој за повеќе теми се разменија искуства помеѓу министрите, донесена е одлука да Институтот Торлак биде стратешки партнер на државата при идните набавки на вакцини и во периодот кој следува. Очекувајќи и надевајќи се дека пандемијата ќе стивне, искуството досега покажа дека овој вирус е непредвидлив и со сите препреки со кои се соочивме при набавката на вакцини, оваа одлука ќе биде значајна поддршка за нашата држава. Во знак на благодарност, српските граѓани во сезоната која следува ќе бидат ослободени од плаќања на патарини при патувањата кои ги планираат во и преку нашата држава во периодот од 15 јуни до 15 август.

Слични содржини