Германци се кренаа на протест против бегалци со нацистички химни (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
123 прегледи

 Најмалку 31 германски полицец се повредени во синоќешните протести во Хајденау, во судири за време на десничарски протест против азилантите, јавуваат германските медиуми.

20150822.qkybszthft

Демонстрациите на противниците на отворањето на Центарот за бегалци во градот Хајденау, Германија направија  вистинска битка меѓу демонстрантите и силите на полицијата, соопшти “Ди Велт”.

Акцијата била организирана од екстремно десничарската Национал-демократска партија на Германија и во неа учествувале околу 1.000 лица, вклучувајќи млади жени со детски колички.Според очевидец, демонстрантите  пееле нацистички химни. Причина за протестот се случила со одлуката на општината да прифати привремено бегалци во зградата на затворениот пред години градежен пазар. Полицијата употреби солзавец за да го растера протестот.

Од своја страна, демонстрантите фрлаа врз силите на редот со камења, шишиња и бекатон плочки. По неколку часа на судирите , 250 бегалци сепак успеаја да влезат во зградата.