Германците се обезбедија: Нагелсман останува селектор до 2028 година

од Vladimir Zorba
15 прегледи

Германците решија навреме да ги завршат сите работи околу селекторската позиција, па на Јулијан Нагелсман му беше понудена соработка до 2028 година. Понудено-прифатено!

Договорот беше постигнат денеска без поголеми проблеми, а актуелниот селектор на германската репрезентација ќе остане на оваа позиција до крајот на ЕП 2028 година.

„Кога станав селектор во септември 2023 година, не можев ни да замислам дека ќе бидам на клупата по Европското првенство. Нашата голема цел беше да ја освоиме титулата. Но, бев изненаден кога видов колку репрезентацијата значи за германскиот народ, колку срца допревме и трогнавме. Секој ден имам фантастична реакција од навивачите, која ми кажува дека сме на вистинскиот пат“, изјави Нагелсман.

Нагелсман на германската клупа досега има 11 победи, пет нерешени и три порази, а под негова команда репрезентацијата изгледа многу подобро.

Слични содржини