Тие удираат во браникот на вашиот автомобил и возат милиметар зад вас. Тие се вртат и менуваат лента без да пуштат трепкачи. Престигнуваат во кривина. Те поминуваат по автопатот од десната страна. Станува збор за агресивни возачи кои – според истражувањето на германскиот институт Innofact и автомобилскиот портал Leasingmarkt – дури 90% од возачите тврдат дека постојат.
И не само тоа: илјада анкетирани возачи уверуваат дека има поврзаност и со типот на автомобил што го возат таквите возачи, па како дел од анкетата гласале за такви марки, пренесе Index.
Еден бренд јасно го зазеде првото место во истражувањето. Тоа е баварската гордост – BMW. Дури 62% од анкетираните тврдат дека автомобилите од таа марка ги возат најагресивните возачи. Ниту најголемиот конкурент на BMW, Mercedes, не заостанува далеку, за кој 44 отсто од испитаниците тврдат дека тоа е изборот на агресивни луѓе на патот. Оваа озлогласена Топ 5 ја затвораат уште две германски марки, Porsche и VW.
Само 2 отсто од испитаниците ја поврзуваат агресивноста на патот со брендовите Seat и Volvo.