ГЕРМАНИЈА ЌЕ ОДОБРИ ИСПРАЌАЊЕ НА „ЛЕОПАРД“ ВО УКРАИНА: Пресврт по договорот меѓу Бајден и Шолц?

од Vladimir Zorba
153 прегледи

Германија ќе ја овласти Полска да испрати тенкови Леопард 2 во Украина, пишува Блумберг повикувајќи се на добро информирани извори. Германските лидери се очекува утре да и дадат дозвола на Полска да испрати тенкови Леопард 2 во Украина. Да потсетиме, станува збор за модерни тенкови од германско производство, за чиј реекспорт е потребно германско одобрение.

Да потсетиме, германската влада денеска потврди дека го добила барањето на Полска за испраќање тенкови Леопард 2 од германско производство во Украина. Германија се уште се противи на идејата за испраќање тенкови, што е поддржано од Полска, САД и неколку други членки на НАТО .

Тензиите околу испраќањето леопарди во Украина ескалираа во еднонеделен спор меѓу германските и полските лидери, при што Моравјецки ја обвини Германија дека „губи време“ со тоа што не носи одлуки.

„Подготвуваме одлука, таа ќе пристигне многу брзо“, изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус на денешната заедничка прес-конференција со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Тој додаде дека, „во случај на позитивна одлука, Германија ќе дејствува многу брзо“.

Пресврт поради договорот меѓу Бајден и Шолц?

„Волстрит журнал“ денеска објави дека администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден е се поблиску до одлука за испраќање моќни американски тенкови од типот Абрамс во Украина, додавајќи дека одлуката би можела да биде објавена веќе оваа недела.

Белата куќа не сакаше да коментира, но Журнал наведува дека „одлуката за испраќање на Абрамс би била дел од поширок дипломатски договор, во кој Берлин ќе објави испраќање на помал број од своите тенкови Леопард 2 во Украина и исто така ќе ги овласти Полска и другите земји да испратат леопарди во Украина.“

Според изданието, таквиот договор ќе ги помири несогласувањата околу испраќањето тенкови во Украина, што се заканува со поширок јаз меѓу западните земји како што се приближува првата годишнина од руската инвазија на Украина.

Промената на позицијата на САД, според Волстрит журнал, уследи по телефонскиот разговор меѓу американскиот претседател Бајден и германскиот канцелар Олаф Шолц, за време на кој Бајден наводно се согласил да размисли за испраќање на Абрамс и покрај оценката на Пентагон. Висок германски функционер изјави за „Журнал“ дека Берлин и Вашингтон се во интензивни преговори за ова прашање минатата недела. Сега, тврдат од медиумот, се чини дека проблемот наскоро би можел да се реши.

Слични содржини