195
Германскиот Бундестаг го прогласи Холодомор, односно изгладнувањето на Украинците во кое во текот на зимата 1932-1933 година, кога Јосиф Сталин беше на чело на СССР, починаа неколку милиони луѓе – „геноцид“.
„Од денешна гледна точка, историски и политички, геноцидот е очигледен“, се вели во соопштението на Бундестагот.
Министерката за надворешни работи, Аналена Бербок, на Твитер им се заблагодари на сите кои придонеле за прашањето за Холодомор да се расправа во Бундестагот.
„Милиони Украинци загинаа во Холодомор поради систематско гладување. Му благодариме на Дмирто Кулеба за неговиот придонес да се нарече ова злосторство со денешното име – геноцид“, напиша Бербок на Твитер.