131
Германската полиција заплени 1,2 тони кокаин во кутии со банани во градот Грос Кројц во областа Потсдам-Мителмарк, објави „Тагесшпигел“.
Ова е досега најголемата заплена на дрога во покраината Бранденбург, изјави портпаролот на полицијата Марио Хајнеман.
„По дојава на еден од вработените, полицијата во вторникот попладне во голема акција ги опколила просториите на голем трговец со овошје“, изјави портпаролот.
По извршениот претрес, била откриена поголема количина на дрога.
Утврдено е дека кокаинот со брод се пренесувал од Јужна Америка во Германија, а од таму по копно до Грос Кројц. Минатиот јули во Брандербург беа запленети 660 килограми кокаин.