Германија алармира за можен нов напад во Анкара

од Vladimir Zorba
87 прегледи

  Заради опасноста веќе се затворени германските училишта и градинки

 гер

Германското амбасада во Анкараги ги  предупреди граѓаните на Германија кои се наоѓаат во турската престолнина  за веројатноста од нови напади на терористите, кои можат да се случат во блиска време. Соработниците на германското амбасада се обратија вчера кон своите сонародници да се вратат во својата татковина и да почекаат понатамошниот развој на настаните, пренесува “Дојче Веле”.Според податоците на дипломатите се појавиле одредени предупредувања за подготвувани напади, особено во трговски центри. Од амбасадата исто така, наведуваат дека поради опасноста во Анкара се затворени германските училишта и градинки. Потсетуваме дека на 13 март во турската престолнина беше извршен атентат со  возило со експлозив  во централниот дел на Анкара, во што загинаа 37 лица а стотина се повредени.