Германија бара како да го запре протокот на емигранти од Балканот

од Vladimir Zorba
69 прегледи

Правење на специјални кампови, елиминирање на правото на паричен  додаток  или кампања по места за убедување на мигрантите да не тргнуваат кон Германија – со овие средства Германија очајно се обидува да го намали протокот на луѓе кои бараат азил и доаѓаат од балканските земји, пишува Матилда Рихтер од Франс прес.

0000272558-article2Заедно тие сочинуваат околу половина од речиси 300-те илјади кандидати за азил во Германија од јануари досега. Во првите пет месеци од годината во Германија пристигнале на пример над 32 000 Косовари, или многу  повеќе од сириските бегалци.

Германија – главната европска дестинација за мигрантите, се очекува оваа година да има  рекорден број од 500 000 кандидати за азил. Граѓаните на Балканот, кои често се Роми, се надеваат дека ќе најдат во Германија работа и подобар живот. Овие мотивите по закон им даваат право на бегалски статус, кој се дава  на луѓе подложени на прогон. Помалку од 0,2 проценти од барањата им се одобрени и тоа по долги процедури. Германија има тешкотии со сместувањето на сите новодојденци и со разгледувањето на барањата. Затоа се обидува да го запре овој поток. Германски претставници го истакнуваат аргументот дека треба да се манифестира хуманост кон “вистинските” бегалци, почнувајќи од тие кои  бегаат од војната Сиријци. “Големиот број имигранти кои доаѓаат од овие земји / балканските /, ги голтаат  ресурсите, од кои имаме потреба за да се грижиме да луѓето кои доаѓаат од области во криза “, објаснува Манфред Шмит, шеф на Канцеларијата за имиграција и бегалци.

Од пред неколку недели не недостасуваат различни идеи и предлози. Целта им е двојна – да бидат обесхрабри оние кои планираат да птргнат на патот , и да се намалат значително роковите за разгледување на документите на пристигнатите веќе во Германија, и да се сведе до 6 недели. За таа цел Баварија неодамна одлучи да  ги оддели уште при нивното пристигнување мигрантите од Балканот, кои им се собирани во посебни прифатни центри. Тоа групирање би требало да овозможи забрзување на постапките за азил и да се олесни системот, вели шефот на Баварската влада, конзервативецот Хорст Зеехофер. Пристапот на Баварија – кој сеуште не го спроведе планот – предизвика негодување кај левицата и здруженијата за заштита на мигрантите. Критичарите на овој план велат дека тој стигматизирање на  одредени народи,па тоа противречи на ветувањето дека секоја молба за азил се смета сама по себе, индивидуално. Критичарите на баварскиот план сметаат исто така, дека тоа  е “отворена врата” за насилството против кандидатите за азил во Германија, каде што во последно време се зголемија антибегалските инциденти. Но, идејата на Баварија напредува. Одговорен за прашањата на миграцијата во германската влада, социјалдемократката Аидан Јозгуз е склона да ја прифати оваа опција. Општините кои се на првата линија во земањето на бегалци,ја  поздравија идејата. А оваа недела влада на Саксонија, источна Германија, изјави дека сака да го примени истиот пристап.

Многу луѓе сакаат да се направи нешто уште пред мигрантите да се тргне кон  Германија. Амбасадата на Германија објавува огласи во албански весници, потсетувајќи ги  црно на бело и со големи букви дека: “Нема економски азил во Германија”. Германија сака освен тоа да му  се даде на Косово, Албанија и Црна Гора статус на “сигурни земји”, слично како на Србија, Македонија и Босна и Херцеговина – чекор што имал “приспособлив ефект” за пристигнување од овие три земји, според германската Канцеларија за миграции и бегалци. За да се прифати нормативен акт во оваа насока, ќе е потребна поддршката на опозициската партија на Зелените, кои имаат тежина во горниот дом на парламентот / Бундесратот /. Но засега тие се против оваа идеја. Во редовите на конзервативците се врти друга идеја – да се отстранат или намалат месечните надоместоци кои се доделуваат на секој мигрант. Тие изнесуваат 143 евра или како истакна претставник на конзервативците, тоа е еднакво на месечна плата во Србија. Предлогот беше отфрлен веднаш од министерот за социјални прашања, социјалдемократката Андреа Налес. Нејзината Германска социјалдемократска партија, која управува со конзервативците на Ангела Меркел, сака да демонстрира благосостојба. “Јас, исто така, ако бев глава на семејство од Косово, би се обидел да одам во Германија”, призна оваа недела Ралф Јагер, провинциски министер од СПД. А потоа додаде: “Но, ние треба многу брзо да кажеме на овие луѓе дека немаат шанса да останат кај нас”.
Прочети още на: http://www.dnes.bg/world/2015/08/07/germaniia-tyrsi-kak-da-spre-potoka-migranti-ot-balkanite.272558