278
Германија, домаќинот на Европското фудбалско првенство во 2024 година, побара од УЕФА да ја исклучи Белорусија од натпреварувањето.
Причината е поддршката за Русија која доаѓа од Белорусија.
Во писмото до претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, германската министерка за внатрешни работи, Нанси Фесер, повика на суспензија на руските и белоруските фудбалски претставници.
Поради војната во Украина, УЕФА ја исклучи само Русија, но не и Белорусија.
Ждрепката за квалификациите за ЕУРО е закажана за 9 октомври во Франкфурт.
Германија ќе биде единствената земја домаќин, за разлика од ЕВРО 2020, кога 11 градови го организираа континенталното шоу.