Германија блокираше страници со детска порнографија, ги користеле 350.000 „луѓе“

Германските власти, во соработка со бразилската полиција, затворија две платформи на Даркнет кои содржеа детска порнографија, соопшти полицијата.

од Vladimir Zorba
4 прегледи

Германските власти, во соработка со бразилската полиција, затворија две платформи на Даркнет кои содржеа детска порнографија, соопшти полицијата.

„Имаше повеќе од 350.000 корисници на двете платформи и повеќе од 21.000 видеа со детска порнографија во базата на податоци“, соопшти Центарот за борба против детска порнографија и злоупотреба на интернет (ZKI) со седиште во Бамберг, Баварија.

До септември, кога страницата беше блокирана, беше прегледана речиси милион пати.

Серверите се наоѓаа во Германија, а перуанскиот државјанин кој ги управуваше онлајн платформите беше уапсен пред неколку недели во Бразил и е во притвор.

Видеата беа достапни за корисниците бесплатно, но беше можна и претплата од 0,0001 биткоин (околу 95 евра) месечно.

Според германските медиуми, станува збор за страниците „Videos Sebick“ и „Videos Yad“. Истражителите на ZKI сега се обидуваат да ги пронајдат корисниците на обете страници во Германија.