Германија, Британија и Кина се најголемите трговски партнери на Македонија

Трендот на пораст на извозот и увозот продолжува и во периодот јануари – ноември 2025 година во споредба со периодот јануари – ноември 2024 година, објави денеска Државниот завод за статистика.

од Vladimir Zorba
21 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин

Трендот на пораст на извозот и увозот продолжува и во периодот јануари – ноември 2025 година во споредба со периодот јануари – ноември 2024 година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – ноември 2025 година, изнесува 455 536.1 милион денари и бележи пораст од 2.58 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – ноември 2025 година, изнесува 647 342.2 милиони денари, што е за 3.88 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи.

Во увозот најмногу се застапени: нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и други моторни возила за пренос на лица.

Во периодот јануари – ноември 2025 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија, кои учествуваат со 47.7 % во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 59.3 % во вкупната размена.

Извоз јануари – ноември 2025 година во однос на јануари – ноември 2024 година

455 536.1 милион денари: +2.6 %
7 395.6 милиони евра: +2.5 %
8 333.2 милиони САД долари: +6.4 %

Увоз јануари – ноември 2025 година во однос на јануари – ноември 2024 година

647 342.2 милиони денари: +3.9 %
10 509.9 милиони евра: +3.8 %
11 836.8 милиони САД долари: +7.7 %