210
Во германскиот град Ратинген денеска дошло до експлозија во повеќекатница, при што се повредени 10 пожарникари и двајца полицајци, од кои некои многу тешко, соопшти министерот за внатрешни работи на Северна Рајна Вестфалија, Херберт Ројл.
Причината за експлозијата се уште не е позната, но безбедносните служби не ја исклучуваат можноста да се работи за целен напад, пренесува ЗДФ.