
Германија ќе ги укине граничните контроли со соседните европски земји, воведени поради коронавирусот од понеделник, а не од вторник, како што беше планирано, соопшти германското Министерство за внатрешни работи.
„Обврската за оправдана причина за влез“ е укината.
Преминувањето на границата досега е дозволено само за прекугранични работници или за транспорт на храна, додека приватните посети се забранети.
Контролите ќе бидат укинати ноќта помеѓу недела и понеделник, изјави портпаролот на министерството за АФП.
Германија на тој начин ќе ги отвори своите граници на ист ден како и нејзините европски соседи.