230
Германија оваа недела ќе воведе проширена гранична контрола со Полска и Чешка за да ја спречи илегалната миграција, изјави денеска германската министерка за внатрешни работи Ненси Фесер.
„Ако не успееме подобро да ги заштитиме надворешните граници…, тогаш отворените граници во ЕУ се изложени на ризик“, изјави Фесер за новинарите во Берлин, пренесе Ројтерс.
Германија, која прими околу еден милион украински бегалци минатата година, исто така забележа нагло зголемување на бројот на баратели на азил од другите региони.