Германија го менува планот за вакцинација: „АстраЗенека“ само за постари од 60 години

од Stefanija Kuzmanovska

Вакцината на „АстраЗенека“ ќе се користи во Германија само за лица постари од 60 години, бидејќи се пријавени 31 случај на згрутчување на крвта, претежно кај жени на возраст под 55 години, соопштија германските власти.

Помладите од 60 години ќе можат да примаат вакцина само по консултација со лекарот кој ја спроведува вакцинацијата, објавија министрите за здравство на сојузните држави и федералниот министер, пренесуваат германските медиуми.

Исто така, оние кои веќе ја примиле првата доза на „АстраЗенека“, имаат избор или да ја примат втората доза или да ја чекаат препораката на германскиот комитет за вакцини, која е предвидена за крајот на април. Германските здравствени власти ја испитуваат можноста дали оние кои ја примиле првата доза на „АстраЗенека“ можат да ја примат вакцината на „Фајзер“ како втора.

Според министрите за здравство, ретки случаи на тешка церебрална венска тромбоза се пријавени кај помлади лица по приемот на оваа вакцина.

Досега во Германија се употребени 2,7 милиони дози на вакцината на „АстраЗенека“.

Слични содржини