42
Германското Министерство за надворешни работи денеска го осуди предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп Египет и Јордан да ги прифатат Палестинците од Појасот Газа.
„Позицијата на ЕУ, арапските партнери и ЕУ е дека палестинското население не смее да биде протерано од Газа и Газа не смее да биде трајно окупирана или повторно колонизирана од Израел“, соопшти Министерството, пренесе Ројтерс.
Трамп минатата недела им рече на новинарите дека Египет и Јордан треба да ги примат раселените Палестинци од Газа.