ГЕРМАНИЈА: Граѓаните се понезадоволни од образовниот систем

од Vladimir Zorba
11 прегледи

На Германците секоја година се помалку им се допаѓа домашниот образовен систем, се вели во новото издание на студијата на Фондацијата Дојче Телеком, јави dpa.

Во истражувањето спроведено од Институтот Аленсбах за потребите на студијата, само 49 отсто од испитаниците го опишале образовниот систем како многу добар или добар. Тоа се споредува со 56 проценти во 2020 година и дури 70 проценти во 2018 година.

Четири петтини од испитаниците од репрезентативниот примерок оцениле дека политиката не се занимава со образование колку што треба, а 94 отсто дека образованието треба да биде високо или многу високо рангирано во политиката.

Девет од 10 Германци веруваат дека образованието е еден од столбовите на демократијата.

Истражувањето во кое агенцијата dpa имаше увид укажува на судир на желби и реалност.

Имено, додека 91 процент од испитаниците оцениле дека образовниот систем треба на сите да им даде исти можности, само четвртина од нив сметаат дека Германија го обезбедила тоа.

Нешто помалку од три четвртини од испитаниците, 73 отсто од нив, очекуваат дека образовниот систем ќе обезбеди добра подготовка за професионалниот живот, но само 11 отсто имаат впечаток дека тоа го прави.

Мнозинството од испитаниците, 84 отсто од нив, го опишале недостатокот на наставен кадар како најголем проблем на германскиот образовен систем.

73 отсто од нив тоа го гледаат во несоодветна подготовка на учениците за работа, односно пречесто напуштање на наставата, додека недоволното општо образование како проблем го заокружуваат двајца од тројца испитаници.

Слични содржини