Германскиот канцелар Олаф Шолц и италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска во Берлин потпишаа заеднички акциски план за продлабочување на односите за време на првата германско-италијанска средба на ниво на влади од 2016 година.
На заедничката прес-конференција во Берлин, Шолц изјави дека планот е занимава со темите технологија, конкуренција и заштита на климата и дека ќе доведе до нови проекти и формати на соработка. Тој најави посилна соработка во областа на енергетиката за долгорочно обезбедување на снабдувањето со гас и водород и изградба на нов гасовод преку Алпите.
По средбата на највисоките претставници на двете земји, лидерите од германската престолнина учествуваа на виртуелниот самит на Групата 20 најголеми светски економии (Г20).
Во пресрет на средбата, германската влада објави дека целта на „акцискиот план“ е продлабочување на односите и зајакнување на билатералната соработка на европско ниво и дека претходниот италијански премиер Марио Драги и германскиот канцелар постигнале договор за тоа во 2021 година.