Германија и продава Саудиска Арабија оружје за 254 милиони евра

од Vlatko K
103 прегледи

 Германската Влада одобри извоз на оружјето за Саудиска Арабија во вредност од 254 милиони евра за кралството, и покрај критиките поради учество на Ријад во конфликтот во Јемен.

Другите осум  држави, вклучени во конфликтот во Јемен, кои се во сојузот предводен од Саудиска Арабија, во последните шест месеци од Германија добиле оружје во вредност од 21,8 милиони евра, се вели во одговорот на Министерството за економија на пратеничко прашање на опозициските Зелени.

Како што јави ДПА, од 14  март до 23 септември, германската Влада одобрила 87 дозволи за извоз на оружје во земјите од арапската колаиција, предводена од Саудиска Арабија. 

Извозот е одобрен и покрај договорот да не се продава оружје на земјите, кои се директно вклучени во војната во Јемен. Ваквата одредба е дел од договорот склуечен во март за формирање коалиција меѓу конзервативниот блок на Ангела Меркел и социјалдемократите.

Коалицијата предводена од Саудијците врши напади врз шиитските бунтовниците Хути во Јемен, кои од 2015 година добиваат поддршка од регионалниот ривал на Ријад – Иран.ќ

Мировните преговори, планирани за почетокот на септември во Женева, не се одржаа, бидејќи делегацијата на Хутите не отпатува за Швајцарија.

ОН го оцени конфликтот во Јемен како „најтежок во светот“. Тој доведе до хуманитарна катастрофа во која три четвртини од 22-те милиони жители на Јемен зависат од помош, а седум милиони Јеменци страдаат од неухранетост. 

 

Слични содржини