Германија испрати нов пакет воена помош за Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Германската влада испрати нов пакет воена помош за Украина, објавено е на веб-страницата на владата во Берлин.

Пакетот вклучува 3.840 проектили со калибар од 155 мм, 250 комплети експлозиви, две возила за гранична одбрана, еден мобилен антенско-јарболен систем, 25 ласерски мерачи на далечина и пет системи за откривање дронови, пренесува „Укринформ“.

Новиот пакет помош од Германија вклучува и четири теглачи HKS81 и четири полуприколки, осум камиони од моделот Зетрос и три возила (камиони, минибуси, теренски возила).

Слични содржини