Германија издаде златници со ликот на Ангела Меркел

од Берта Китинска

Лимитирана серија златници е пуштена во продажба во Германија со ликот на канцеларката Ангела Меркел.

Продажната вредност на монетата започнува од 49,95 евра, соопшти колекционерската куќа МДМ.

Златникот тежи 0,58 грама, чисто злато, примерок 999. Неговата големина изнесува 12,5 милиметри, а тиражот е 5 000 парчиња.

На монетата се наоѓа ликот на Ангела Меркел, изгравиран во 2005 година, кога таа ја презема функцијата канцелар на Германија.

Слични содржини