Германија ја одобри вакцината на „Џонсон и Џонсон“ за сите граѓани

од Stefanija Kuzmanovska
152 прегледи

Германија ја одобри употребата на вакцината на „Џонсон и Џонсон“, без оглед на приоритетната листа, објави во понеделникот министерот за здравство Јенс Шпан.

„Секој што сака може, по консултација со лекар, да се вакцинира со вакцината на Џонсон и Џонсон“, рече министерот за здравство.

Во исто време, тој посочи дека Државната комисија за вакцини (Стико) ја препорачува вакцината на „Џонсон и Џонсон“, слично како и вакцината на „АстраЗенека“, само на оние над 60 години, но можна е вакцинација со матичен лекар со претходна консултација за оние под 60 години.

Кај двете вакцини се пријавени случаи на згрутчување во мозокот.

„Овие тромбози на мозокот се ретки, но сериозни несакани ефекти“, рече Шпан.

Слични содржини