Германија ја предупреди Британија за сериозни последици во случај „Брегзит“ без договор

од Vladimir Zorba
110 прегледи

„Брегзит“ без договор многу повеќе ќе и наштети на британската економија отколку на Европската унија, изјави германскиот министер за финансии Олаф Шолц.

Шолц проценува дека нерегулираната ситуација ќе има многу значајни последици за британската економија.

„Европа би можела да се справи со тоа и нема да има особено сериозни последици по веќе направените подготовки“, додаде Шолц на прес-конференција по состанокот на министрите за финансии на ЕУ во Берлин.

Премиерот Борис Џонсон рече дека планираниот предлог-закон со кој ќе се прекрши договорот за „развод“ со блокот е потребен за да се заштити интегритетот на Велика Британија.

Слични содржини