Германија ја предупреди компанијата „Фејсбук“ да не собира податоци од корисниците

од desk2
139 прегледи

Германската Агенција за заштита од конкуренција планира на компанијата „Фејсбук“ да и наложи забрана за собирање на податоци на корисниците.

Агенцијата, што го истражува работењето на „Фејсбук“ од 2015 година, открила дека компанијата ја злоупотребува доминацијата на пазарот со цел да собира податоци за луѓето без нивно знаење или дозвола.

Од „Фејсбук“ го оспоруваат тврдењето на германската Агенција и најавуваат дека ќе продолжат да ја бранат нивната позиција.