Ситуацијата во која се наоѓа светот ја тера Германија да ги преиспита своите пристапи кон НАТО и Русија. Ова го изјави канцеларката на Германија Ангела Меркел.
“Ситуацијата во светот, особено во светлината на американските избори, е таква што мора приодите во светот да бидат повторно формулирани, пред сè кон такви важни работи како НАТО и односите со Русија”, изјави Меркел за време на конгресот на Христијанско-демократската партија, на која таа е реизбрана за лидер.
Ангела Меркел најави уште дека ќе ја подигне и својата кандидатура за нов мандт за канцлелар на Германија на парламентарните избори следната година. Конгресот ја реизбра деветти пат за лидер на партијата.