Германија ќе го укине бесплатното тестирање за „Ковид-19“?

од desk4

Бесплатните тестови за „Ковид-19“најверојатно во Германија ќе бидат минато. Германскта влада размислува да ги укине  во октомври, објавија германските  медиумите повикувајќи се на нацрт-предлог за кој канцеларката Ангела Меркел ќе разговара со лидерите на 16 федерални држави.

Германската влада во март годинава, пред крајот на  третиот бран во државата, воведе бесплатно тестирање за целото население.

Во моментов, 55 проценти од германското население е вакцинирано, така што има повици парите на даночните обврзници да престанат да се распределуваат за субвенционирана шема, од која корист имаат само оние кои не се вакцинирани, иако вакцината е достапна за секого, пренесува Ројтерс.

„Со оглед на тоа што вакцинацијата е достапна за сите жители, федералната влада, а со тоа и даночните обврзници, не е оправдано и понатаму да ги плаќа трошоците за сите тестови“, пишува во  нацрт -предлогот на  РНД, кои го пренесоа германските медииуми.

Помалку од седум недели пред парламентарните избори, Меркел и федералните лидери ќе разговараат за мерките за спречување на ширењето на варијантата на делта вирусот, без повторно да биде воведено општо затворање на државно ниво. Нацртот предвидува дека оние кои не можат да се вакцинираат од здравствени причини, сепак имаат право на бесплатен тест.

Се уште не е познат точниот датум во октомври кога мерката ќе биде укината, пишува германска медиумска асоцијација со седиште во Хановер, РНД.

Германија има повеќе од 3.000 нови инфекции на ден во изминатите 5 дена.  Речиси 63 проценти од германското население е вакцинирано со барем една доза, така што владата се надева дека ќе избегне нов „карантин“.

Слични содржини